Како би сте изгледале доколку одлучите една година од својот живот да ја минете исклучиво патувајќи на своите нозе, и секојдневно спиејќи на различно место? Веројатно после една година не би сте личеле на самите себе, токму како што бил случајот со Кристоф Рехејџ. Тој во 2007 година одлучил да се упати пеш кон Германија. Тргнал и ги нижел километрите, за на секои 30 до 45 километри застанувал и правел фотографија. Како што минувало времето, неговиот изглед се менувал, а тој изгледал се позапустено.

На патот го мачеле основни проблеми, што ќе јаде, каде ќе спие и слично. После 4500 километри и една година патешествие одлучил да ја прекине долгата прошетка. Кога го запрашале зошто одлучил да сопре, одговорил она што се очекувало. Рекол дека сакал да го врати својот живот и морал да ја преземе контролата над самиот себе.