17-годишниот Џон Свала влегол во продавница со банана замотана во маицата, велејќи им на вработените дека има пиштол и побарал од нив да му ги дадат парите. Сопственикот на продавницата Боби Реј заедно со неколку купувачи го нападнал ограбувачот, го совладал и го задржал додека стигнала полицијата.
Свала во меѓувреме успеал да ја изеде бананата, така што збунетите полицајци успеале само да ја сликаат кората на местото кое тој се обидел да го ограби. Порпаролот на локалната полиција изјавил дека полицајците се пошегувале со момчето обвинувајќи го дека го изел доказот. Сега тој ќе биде обвинет за обид за вооружен грабеж.