Сакајќи да ја импресионира својата девојка, еден млад италијанец нарачал шампањско и остриги за вечера, и во школките пронашол пет совршени бисери. Според пишувањето на весникот Кориере дел мекодорно, поштенскиот службеник Џузепе Ди Бјанко ја одвел девојката во еден од подобрите ресторани во Салерна, на југот на Италија, познат по специјалитетите со морски плодови. За жал, бидејќи поради големата гужва снемал школки, сопственикот на ресторанот можел да им понуди само три остриги, кои тие сепак ги прифатиле.

Штом првата ја ставил во уста, Ди Бјанко пошувствувал нешто тврдо и востановил дека станува збор за три бисери. Двете преостанати школку исто така имале по еден бисер. Следниот ден момчето отишло кај својот пријател кој се занимавал со накит, кој бисерите ги проценил на 2000 евра.