Таичи Такашита обожава стрипови. Вели дека подобро се чувствува во дводимензионалниот свет. Покренал петиција и верува дека наскоро ќе може да се ожени со својата омилена јунакиња од стрип.


– Не ме интересира повеќе тродимензионалниот свет. Многу подобро се чувствувам во дводимензионалниот. Да го овозможуваше тоа технологијата, веднаш ќе се преселев во тој свет – вели Таичи.

Стриповите, анимираните филмови и виртуелните онлајн игри станаа вистински хит во Јапонија. Се повеќе луѓе го поминуваат своето време на тој начин. Бегаат од реалноста и уживаат далеку од проблемите, во светот во кој нема грижи. Петицијата која ја покренал Таичи дошла неколку дена откако една жена е уапсен поради тоа што го “убила“ виртуелниот маж. Во виртуелната игра преку интернет нејзиниот маж ја оставил. Таа поради освета во играта виртуелно го “убила“. Полицијата интервенирала и ја уапсила.