Повеќето жени на секој можен начин се обидуваат да го отстранат вишокот килограми, но дека секое правило има и исклучок, потврдува една американка чија цел е да стане најдебелата жена на светот. Дона Симсон сака да влезе во гинисовата книга на тој начин што ќе достигне тежина од 500 килограми.
Таа е мажена и има две деца, а нејзиниот сопруг смета дека нејзините гради се многу секси. Нејзината пријава сеуште се разгледува. бидејќи можно е со поставувањето на рекордот да го загрозува својот живот. Добила повеќе понуди за пишување книга и покани за учество во телевизиски емисии. Носи облека со големина XXXXXL, која ја набавува преку интернет.