Санто Гамбино од Сицилија од затвор бил префрлен во куќен притвор. Набрзо побарал да го вратат во затворот за да избегне кавгите со сопругата. Тој бил во затвор бидејќи неговата фирма противзаконски фрлала отпад.
Откако се вратил дома сопругата почнала да го обвинува дека не и дава пари за издржување на децата. Тоа му одело на нерви па одлучил да се врати во затвор. Полицајците оцениле дека Санто ги крши правилата за издржување казна, и го вратиле дома со објаснување дека семејните проблеми треба да ги реши самиот.