Софиа Вергара и Џо Манџаниело неодамна се вериле, а сега планираат венчавка и бебе бидејќи сакаат да основаат семејство. Софиа веќе го има синот Маноло од својот прв брак. Овој пат славната актерка не планира да роди, но планира да добие бебе со својот вереник.
Иако ќе користат сурогат мајка, детето ќе биде биолошки нивно, од нејзини јајце клетки и негово семе. Софиа уште минатата година дала да се замрзнат нејзини јајни станици во случај повторно да посака да стане мајка. Изгледа тој момент сега дошол. Доколку е точно тоа што го тврдат нивните блиски пријатели, Софиа и Џо не можат да дочекаат да станат родители.