Шпанецот Карлос Сајнц со “Фолцфаген Таурег“ е севкупен победник на годинашното издание на Рели Дакар, кое што втора година по ред се вози во Аргентина и Чиле. Неговен главен конкурент за титулата клубскиот колега Насер Ал Атијах, заврши втор со 2 минути и 12 секунди разлика додека место на подиумот избори и Марк Милер со третиот “Фолцфаген“.
Во конкуренција на мотори најбрз беше Сирил Деспре со КТМ, втор заврши Марк Кома откако беше казнет во осмата етапа при што му беа додени 6 часа во вкупното време, третопласиран е Франциско Лопес Контадор на Априлија.
Кај камионите шест година по ред победи русинот Владимир Чагин на Камаз.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com