Под влијание на воздушни струења од југо-запад, над Охрид денеска се надвиснаа облаци со песок од северот на Африка. Поради тоа намалена е дневната видливост, а небото е сиво.


Сахарски облаци над Охрид

Според метеоролозите причина за ваквата појава се воздушните струења кои со себе носат песок од пустината Сахара. Покрај облаците, деновиве и температурите ќе бидат сахарски и во одредени краеви од земјата ќе достигнат и до 30 степени Целзиусови.

ohridnews