Ентони Гризман само лекарски прегледи го делат од дресот на Барселона, откако клубот ја плати оштетата во висина од 120 милиони евра која Французинот ја имаше како клаузула во договорот со Атлетико Мадрид.

Иднинатата на францускиот репрезентативец беше топ тема во последниве 2-3 месеци. Гризман секојдневно ги полнеше светски медиуми, но и тоа ќе заврши после денешениот договор помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид.

Гризман пред завршување на сезоната побара дозвола за трансфер која клубот му ја довери со активирање на клаузулата. Каталонците првично одбиваа негов ангажман, но како што одминуваше времето работите се решаваа и завршија со купување.

Гризман во Атлетико Мадрид се пресели од Реал Сосиедад каде ги помина сите младински категории. Симпатизерите на Барселона не стрпливо ја чекаат неговата презентација и бројот кој ќе одбере на дресот.

OhridNews