Бурната пресконференцијата после мечот помеѓу Напредак и Раднички ја одбележа последната рунда од есенската полусезона во најсилната лига во Србија. Реакции продолжуваат, а случајот доби нова димензија, откако портпаролката на Напредок Валентина Васиќ најави дека испадот на гостинскиот стратег Ненад Лалатовиќ ќе го пријави во УЕФА.

  • Чувствувам потреба да и се обратам на јавноста за инцидентот кој се случи на пресконференцијата после натпреварот помеѓу Напредак и Раднички. Во екот на кампањата против сите видови на насилство врз жените и рамноправност, после седум години констатно работење во клубот Напредак и фудбалот доживеав да бидам вербално нападната на работното место со најпогрдни зборови. Тој во своето ни малку фудбалско обраќање искажа низа невистини и лаги, поради кои јас ќе го пријавам во Фудбалската федерација на Србија, во УЕФА и на судот за човекови права во Србија. После завршувањето на средбата со медиумите благодарание на обезбедувањето од клубот избегнав и физички напад од Лалатовиќ, кој видно изнервиран незнаеше што прави. – стои во дел од соопштениети од портпаролката во клубот.

Таа додаде дека со ништо не заслужила таков однос од Лалатовиќ кој во минатото бил тренер на Напредак и оти прашањата кои некогаш се незгодни се составен дел од фудбалот. Тренерот на Раднички ја изгуби главата, на прашањето од Васиќ за средниот прст кој Лалатовиќ го покажал и невкусното дофрлување на еден од новинарите на средбата со медиумите.

Васиќ најави одземање на акредитацијата за новинар кој му дофрли на Лалатовиќ и постапка против него, бидејќи го нарушил угледот на клубот и новинарската професија.

OhridNews

Пресконференцијата се претвори во циркуз (видео)