Беше на крстопат помеѓу Барселона и Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо го шокираше со барањето да се пресели во Јувентус но холандскиот репрезентативец и капитен на Ајакс, Матијас де Лихт кариерата ќе ја продолжи во францускиот шампион Пари Сент Жермен.

Трансферот во ПСЖ не е изненадувачки, колку што е нивното уклучување во последен момент и успешно договарање со агентот на фудбалерот, Мино Рајола. „Светците“ за услугите на Де Лихт ќе му исплатат 90 милиони евра но за возврат ќе добијат децениско решение во одбраната.

Барселона сакаше да ја искористи добрата релација со Ајакс, додека „црвените ѓаволи“ не штедеа финансии со оглед дека им потребен квалитетен дефанзивец за решавање на проблемите во последната линија. Јувентус во Де Лихт гледаше столб во одбрана и темел за градање на новата екипа.

Де Лихт иако млад 19-годишен со своите игри во ЛШ и Лигата на Нации покажа зрелост и фудбалски раскош за многу поискусен фудбалер, што беше доволен доказ гигантите да се впушат во негов лов.

OhridNews