Екипата на Еурофарм Пелистер 2, е новиот предизвик во првенството за ГРК Охрид. Претстојниот викенд љубителите на ракометот ќе имаат можност да уживаат во дуелот на две екипи со високи амбиции. „Гладијаторите“ ветуваат голема борба, а победата е императив.

Против Еурофарм Пелистер 2 очекувам добар натпревар. Се работи за млада и брза екипа која е еден од фаворитите за пласман во пеј-оф во нашата група. Но, нас победата ни е императив. Ќе дадеме се од себе да им се оддолжиме на навивачите за лошата претстава на првата средба како домаќини, вели бекот Рудолф Сафранко.

Натпреварот се игра во сабота, во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18.30 часот.

OhridNews