Покрај возбудливи, сончеви, карнавалски, живи, љубезни, далечни, златни, прекрасни, тајни дестинации има насмеани, гостопримливи домаќини и хостеси. Од Уганда до Мадагаскар. Од Мароко до Лагос. Од Канада до Перу. Од Бали до Мали. Од Коста Рика до Охрид. Нема што нема. Од нуркање кај Азорските острови, мото авантура низ Америка, сафари со слонови, ноќевање кај оргинални индијанци, набљудување на мајмуни во Малезија, со велосипед низ Индија, на камп во Аљаска до нудистички одмори. И тука е Македонија “Timeless- Вечна”. Охрид, Струга, езерото и другите атрактивни места во Македонија како мали играчи се сериозни учесници во најважниот и најголемиот холандски туристички саем. Се претстатавува во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Има и претставници од Каратанова Турс, Arke TUI Holland International, Корендон, Лале Тоурс… Тие продаваат од квалитетни, специфични, ексклузивини пакети до евтини, едноставни, стандардни аранжмани. За секој еден клиент има нешто.

“Светот е пред твоите нозе – вкусете го вашиот одмор.” Тоа е мотото на годинашната туристичка манифестација во градот Утрехт. Во овој период Холанѓаните се одлучуваат каде ќе одат следниве месеци на одмор. Тие што немаат уште дефинитивна резервација и тие што сакаат со свои очи во живо да се информираат, се ова недела на саемот во Утрехт. Меѓу познатите светски тур оператори, разни патнички гиганти и суперсили Македонија се држи стабилно и добро. Иако има преголема конкуренција од топ локации во Турција, Грција, Шпанија, Франција, Португалија, Дубаи, Тајланд, Мексико и Бразил, нашата република се презентира професионално. Со богата понуда и со јасен, различен маркентиншки материјал. Оваа година се очекуваат 20.000-30.000 холандски туристи да ја посетат Македонија. Сопственици и претставници на агенции во Холандија, Струга, Охрид и Пештани, директно како локални автентични експерти им објаснуваат на минувачите се за Македонија.

Речиси 30 години сум сведок на подемите и падовите на туризмот во Македонија. Од тинејџер до сега како возрасен човек. Се трудам со добронамерени совети да напредува татковината. Во мојот приватен живот и исто така благодарение на мојата струка имам доста патувано по светот. Во сите континенти. Имам до сега едно 45 држави посетено и видено. Стотини градови и толку хотели, пансиони, ресорти, апартмани…. Јас сум зависник од патување. Во последниве 15 години научив една лекција. Патувањето е слобода –  здравје за телото, душата и мозокот. Благодарение на патувањата секојдневниот живот, светот, културите, народите, обичаите ќе ги гледаш со други очи. Секој еден чекор, секоја средба, секоја мала ситница, секоја странска мудрост, секое доживување е животна пракса. Било што. Нон стоп само нешто учиш преку патувањето. Не е важно секогаш се да е 100% средено. Ако има мани. Се се’ работи за квалитет, респект, исплатливи цени, чистота и пријатна услуга.

Македонија е на добар пат. Но работниците во туризмот треба да добиват повисоки плати. Работат турбо. Тогаш ќе се повеќе насмеани, мотивирани и попрофесионални кон странците. Македонија треба да внимава секој турист кој доаѓа за 299 евра со авион и отседнува во хотел каде конзумира и оброк да се пречекува и да се служи како цар? Јас мислам тоа е претерано. Тука треба да се најде една средина. Ве молам Охрид и Струга да не копирате шпански ритуали како на Коста Брава. Да не бидете туристички булевари за странски луди пијани млади кои лумпуваат хаотично. Гломазни, механички дестинации без срце, душа и корени.

Сакаме таква туристичка Македонија? Или квалитетно одбрани разни групи кои патуваат по цркви, манастири, планини, стари историски села, богатата источна Македонија, мултиетнички места и други бисери? Или фамилијарни 40- годишни туристи, солидни мирни со деца? Или студенти, млади љубовни парови? Или пролазни 30-годишни туристи, кои доаѓаат еднаш во Македонија за нешто ново и толку? Или старци со ранци? Има категорија од 50+ години и 60+ годишни. Оваа група е во мнозинство на саемов во Утрехт. Секој втор посетител е од оваа категорија. Тие имаат пари, имаат добри сигурни работи, куќи отплатени, децата им се делени и самостојни, внуците студираат, немаат многу обврски, имаат време, заштедени пари по банките, авантуристи се, цел живот работат за да видат нешто од светот. И, најважно, стрпливи се. Иако не се 100% секси туристи во смисла дека се во години, тие доаѓаат во голем број во Македонија. Со ранци.

Македонската туристичка иднина е во рацете на сите Македонците. Во нашите раце. Кој правец да се фати. Тоа е најтежок предизвик. Се работи за изгледот на нашата држава. За следниве децении. Евтино и едноставно? Или исплатливо и автетично квалитетно, држава за инспирација, нестандардна во Европа. Веќе доста години по ред Македонија учестува на овој саем. Помина времето на заборавената дестинација, на неоткриената дестинација. Конкуренцијата е многу жестока и секоја година поголема, нова, изненадна. Патот до овој резултат не беше лесен и стручњаците имаат уште доста цели и планови. Позитивизам очигледно доминира и во Утрехт. Ама мора и да се соочиме со реалноста. Не е се лесно. Има уште доста потешкотии, нови непредвидливи препреки кои треба да се поминат, условите и објектите да се подобрат на македонските ривиери. Можностите се тука и се е можно, постепено. Овој резултат на саемов е аплауз за тие (во Холандија и Македонија) што знаат самите што се имаат направено и преживеано за да стигнат до овој момент. Ја ставија Македонија успешно на мапа како сериозен играч на огромниот холандски туристички пазар.

Сега почнува вистинската битка. Кој ќе преживее, а кој не. Туризмот, туристичката груба џунгла, колку што е магија и бајка толку е безмилосна и тешка. Бизнис со силни конкуренти. Добрите, паметните, итрите, квалитетните ќе преживеат и ќе напредуваат. Слабите, профитерите, неквалитетните, преку ноќ-коцкари туристички работници ќе се уништат себеси. Од неодговорност, од незнаење. И тогаш ќе има во Македонија квалитетен туризам.

Влатко од Амстердам

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.