Завршницата на проектот финансиран од Амбасадата на Република Австрија кој имаше за цел да се мотивира и поттикне практичното творештво на  учениците од основните и средните училишта преку  формата Училишни Компании, во Охрид ќе се одбележи со одржување на саемска изложба.


Оваа оригинална смотра на практичните остварувања  на учениците ќе се одржи на 6.05. (среда) под наслов „Ден на училишните компании“ во терминот од 11-17  часот во  спортската сала на Економското училиште. На саемската изложба, со свои практични остварувања и ракотворби ќе се претстават  ученици од вкупно 9 Училишни Компании, а се очекува на отворањето да присуствуваат претставници на тимот кој го водеше Пректот во Р. Македонија, претставници на Амбасадата на Р. Австрија, на Локалната самоуправа. Изложбата на практични остварувања на учениците се очекува да ја посетат претставници на  јавни и образовни институции, родители и други заинтересирани.

Ohridnews