Касарна Хаб

Од 24.03.2023 - 12:00 до 25.03.2023 - 18:00

Утре и задутре во Касарна Хаб ќе биде одржан Саем за сезонско вработување во туристичкиот сектор во Охрид и Струга. Од Касарна Хаб велат ова е фантастична можност за вработување во некој хотел или ресторан и стекнување на драгоцено искуство во туризмот за средношколците над 15 години и студенти кои бараат сезонска работа.

Поаѓајќи од се поактуелната состојба со недостиг на пазарот на труд со кои се соочуваат домашните компании, особено во туристичко-угостителскиот сектор, Касарна Хаб одлучи да организира саем за вработување за престојната летна сезона 2023 година, на кој, бесплатно, хотелите и рестораните ќе можат да го престават нивниот капацитет и да побараат вработени за сезоната. Бараме ентузијастички и пријателски настроени луѓе кои сакаат да работаат со туристи од различни култури, а како сезонски вработени, ќе имаат можност да работат како угостителски персонал, во ресторан, во кујна, на плажа и слично, информираат.

Додаваат дека некои од барањата за овие позиции вклучуваат пријателска и позитивна личност, одлични комуникациски вештини, а претходно искуство во туристичката индустрија е плус, но не е задолжително.

Потребно е, потенцираат, заинтересираните да имаат добри комуникациски вештини, познавање на англиски е неопходно за некои позиции и подготвеност да се работа во смени, за викенди, со флексибилно работно време.

Се нудат конкурентни плати, бакшиши, забавна и динамична работна средина и можност за стекнување многу нови познанства во целиот свет. Очекуваме учество на 30-тина туристички и угостителски бизниси од Охрид и Струга. Ќе има повеќе од 200 слободни работни позиции. Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да работите во возбудливиот свет на туризмот додека сте на летен распуст, потенцираат од Касарна Хаб.

Сите заинтересирани лица можат да аплицираат за една од понудените сезонски позиции на Саемот кој ќе се одржи посочените денови во периодот од 12 до 18 часот.

Настанот е организиран во соработка со Агенцијата за вработување од Охрид, Факултетот за туризам од Охрид и сите средни училишта од Охрид, а истиот е поддржан од EU4M – project funded by EU, Stellar Solutions Skopje и Општина Охрид.

OhridNews