Саем за образование и кариера ќе се одржи на 30 април во Касарна Охрид со почеток во 12:00 часот во организација на Младински Центар Охрид.

На едно место ќе може да се разговара со претставници од факултети, училишта и организации, да се дознае за стипендии, обуки и практики, да се добијат совети за CV, интервјуа и професионален развој, посочуваат од Младински Центар.

Воедно, информираат дека наскоро ќе биде објавена и листата на учесници на Саемот.

Не пропуштајте ja можноста да го направите првиот чекор кон твојата успешна кариера!- порачуваат од Младински Центар.

OhridNews