ПСУ „Јахја Кемал” – Струга утре во 09.30 часот во просториите на училиштето ќе организира „Саем на науката и културата“.

Главната цел на саемот, велат од училитето, е да го изразат знаењето на учениците и да ги едуцираат на интерактивен и естетски начин, што го прават секоја година како едногодишна традиција на училиштето.

На овој саем нашите ученици ќе презентираат многу проекти, демонстрации за природни предмети како хемија, биологија, физика, математика, историја, географија и визуелни игри во живо од јазици како англиски, македонски, албански, турски, германски со полни традиционални и културни работи подготвени од нашите ученици, додаваат од училиштето.

Посетата од страна на учениците на оовј Саем, потенцираат од училиштето, ќе биде дополнителна мотивација во понатамошна истражувачка работа.

OhridNews