Започна саемот „Сакам Книги“. Од охридската Библиотека велат интересот на охриѓани е одличен, а има и неверојатен попуст на книги дури од 30 % по примерок.

Ова е првиот од неколкуте саеми со разни македонски издавачи што оваа 2022 ќе треба да се случат во нашата НУ Библиотека Григор Прличев – Охрид, информираат од Библиотеката.

Саемот ќе биде отворен до 18 часот со почитување на сите здравствени протоколи за Ковид -19.

OhridNews