ЈП „Охридски Комуналец” започна со дистрибуција на 120 литарски садови за депонирање на селектиран отпад, 600 садови (жолти) за депонирање отпад од пластика и 600 садови (сини) за депонирање отпад од хартија за домаќинства на улиците: „Будва”, „Винковачка”, „Прилепска” и дел од ул. „Железничка” (потег од кружна сообраќајница на ул.„Железничка” пресек со ул. „Егејска” до сообраќајната клучка на влезот од Охрид-петља од десната страна од улицата).

Садовите за депонирање селектиран отпад од пластика и хартија, вкупно 1.200 садови, се донација од Министерството за животна средина и просторно планирање. Покрај тоа, министерството донира и 56 контејнери со капацитет 1,1 м3 чија намена е депонирање на селектиран отпад од хартија и пластика и истите ќе бидат поставени на фреквентни локации во градот, информираат од ЈП „Охридски Комуналец”.

Придобивките од оваа донација, велат, се повеќекратни посочувајќи дкеа селекцијата и рециклирањето на отпадот се најдобар начин да се зачува животната средина, се намалува потрошувачката на нови суровини, се намалува користењето на енергијата, се намалува загадувањето на воздухот и водата, а од друга страна неговата реупотреба продуцира профит и намалување на количествата на отпад кои завршуваат на депонија

Доколку при доделувањето на садовите за отпад од пластика и хартија, корисниците од горенаведените улици не се затекнат во своите домови, должни се во рок од 15 дена да ги подигнат од Р.Е.Механизација ул. „АСНОМ” бб, напоменуваат од претпријатието.

OhridNews