Во Паркот на поезијата во Струга, денеска, ќе биде засадено дрво и ќе се чита поезија во чест на добитникот на „Златниот венец“ на 55. јубилејни Струшки вечери на поезијата, канадската романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд. Во црквата „Света Софија“ во Охрид вечерта во 21:00 часот ќе се одржи поетски портрет посветен на лауреатот.

Исто така денеска, добитникот на „Златниот венец“ за 2016 година, ќе ја одржи традиционалната средба со медиумите.

Атвуд е 51. добитник на највисокото признание на фестивалот Струшки вечери на поезијата „Златен венец“. Признанието се состои од филигрански изработен лавров венец, а ќе и биде врачено во недела на меѓународниот поетски митинг „Мостови“.

OhridNews