Еден градинар закрпил поголем број од дупките низ улиците на Лондон, садејќи во нив пролетно цвеќе. Стив Вин се возел низ градот воглавно со велосипед, и му здодеале дупките, а бидејќи живеел во стан немал сопствена градина.
Така одлучил во дупките низ улиците да посади циклами, љубичици, нарциси и други цвеќиња. Рекол дела освен што обожава цвеќиња, сакал и да предупреди дека дупките низ улиците се опасни. Нколку пати возејќи, скоро паднал од својот велосипед. Поради снегот кој падна оваа зима, улиците во Лондон се во најлоша состојба досега.