Садам Хусеин е мртов. Бившиот претседател на Ирак беше погубен со бесење околу 6 часот наутро по локално време. Погубувањето се изврши во Министерството за правда, северен Багдад. Бившиот диктатор одлуката за негово бесење ја дознал во својата ќелија кога му бил врачен црвен картон – систем кој бил воведен за време на неговото владеење, измислен од него самиот. Според ирачката влада, телото на Хусеин ќе биде закопано на тајна локација. Неговата смрт најверојатно нема да има влијание врз отежнување на ионака тешката ситуација во Ирак. Погубувањето било снимено на филмска лента (заради историски цели) но нема да биде прикажано јавно. Слики од мртвото тело најверојатно ќе бидат прикажани.
Во 1982 Хусеин преживеал обид за атентат во Дуџаил, голем шиитски град јужно од Багдад. Подоцна им наредил на своите сили да го нападнат градот, а 148 луѓе биле погубени. Во 1990 Садам наредил инвазија на Кувајт, по што следеше операцијата Пустинска Луња и Првата Заливска војна. Ирачките трупи беа исфрлени, но Садам преживеа. Во 2003 коалициони сили го нападнаа Ирак, Хусеин побегна, за да биде пронајден неколку месеци подоцна скриен во дупка. Американските војници го предадоа на ирачките власти кои свикаа цивилен трибунал. На 5-ти ноември оваа година беше осуден на смрт, пресуда извршена утринава.
Утре во 18 часот во Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид ќе биде претставена самостојната изложба на Билјана Толевска-Наумовска, уметник од Битола Ќе бидат изложени триес...
Во средните училишта во Охрид има место за упис на вкупно 783 средношколци според Конкурсот објавен од страна на Министерството за образование за запишување ученици во прва година во јавните средни...
Над 340000 пензионери во државава од денес ќе добиваат за 2500 денари повисока пензија Со линеарното покачување на пензиите во септември и мартовската пензија во април, пензионерите добиваат за 500...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.