Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави дека ќе издвои 600 милиони долари за производство на тестови за Ковид и дека повторно ќе ја отвори веб-страницата на која може да се нарачаат.
Преку оваа страница, домаќинствата можат да добијат до четири бесплатни тестови по семејство.
Целта на мерката е да се избегне можен недостиг во период на зголемени случаи на зараза со коронавирусот, што вообичаено се пријавува во постудените месеци од годината.
Нарачките може да се направат на COVIDTests.gov почнувајќи од 25 септември, а бесплатните тестови ќе бидат доставени преку американската поштенска служба. Тие ќе се произведуваат од 12 компании кои вработуваат стотици вработени во седум држави. Ќе треба да направат 200 милиони тестови. Со нив ќе се полнат и државните резерви.
Тестовите се дизајнирани да ги откријат моментално циркулирачките варијанти на Ковид и да се користат до крајот на годината.
OhridNews