– Очигледно, постои загриженост врз повеќе основи. Можам слободно да кажам дека независните медиуми и судството, кои се двете клучни компоненти на било која демократија, во Македонија се соочуваат со проблеми. Денес разбрав дека и парламентот, исто така се соочува со проблеми, рече Рикер.
На новинарско прашање кој бил ставот на премиерот по овие прашања, тој ги упати медиумите одговор да побараат од Груевски.