Во јуни оваа година, можен е воен напад врз Иран, изјавил американскиот претседател Барак Обама, пишуваат израелските медиуми.

Како што тврдат медиумите од оваа земја, Обама ќе ја искористи претстојната турнеа во Израел за да разговара за можен воен поход врз Иран. Во претходните изјави на американскиот претседател, стои дека постои разбирање за загриженоста на Израел од нуклеарната програма која се спроведува во Иран.

Постојано разговарам со Нетанјаху и го разбирам неговото инсистирање дека Иран не смее да се стекне со нуклеарно оружје, бидејќи тоа би го загрозило светот, бидејќи со тоа би почнала и трката во нуклеарно вооружување.“ – изјавил претходно Обама.

Инаку, веќе подолг временски период, Израел бара од Белата куќа воено да  се интервенира во Иран, поради развивањето на нуклеарно оружје во оваа, на кое се спротиставуваат и големите светски сили.

OhridNews