САД веќе започнаа со летно сметање на времето, дури 3 недели порано од вообичаено. Американците поранија како би ја намалиле потрошувачката на гориво бидејќи потребите за струја се намалуваат доколку во приквечерните часови има сеуште дневна светлина.
Летното сметање на времето ќе трае до 4 ноември , една недела подолго од вообичаеното. Со поранетото сметање на летното време ќе се намали потрошувачката на енергија бидејќи значително помалку се троши во вечерните часови ако надвор сеуште има дневна светлина. Со намалувањето на потрошувачката на енергија ќе се намали и потрошувачката на фосилни горива кои се значителен загадувач на атмосферата. До 2020 година така ќе се заштедат околу 279 билиони кубни метри природен плин, а ќе се избегне испуштање на приближно 10,8 милиони кубни метри јаглен моноксид. Со летното сметање на времето, ќе се намали загадувањето на атмосферата со емисии на штетни гасови. Овој викенд часовниците ги помести нанапред и Канада.