САД во текот на вчерашниот ден упатија глобално предупредување за опасност од патување за своите државјани секаде во светот, заради зголемената „терористичка закана“.

 „Актуелните информации кои упатуваат на тоа дека ИД, Ал Каеда, Боко Харам и останатите терористички групи, продолжуваат да планираат терористички напади во повеќе области“, се наведува во соопштението на  американскиот Стејт Департмент.

 Американската дипломатија уште предупредува дека сè уште постои можност да дојде до терористички напади бидејќи припадниците на ИД се враќаат од Сирија и Ирак.

 „Мети на екстремистите се спортски настани, театри, отворени пазари или воздухопловни услуги“, се вели во соопштението, во кое се алудира на најновите напади во Париз, како и на соборувањето на рускиот патнички авион над Синај.

OhridNews

Извор:„Макфакс“