САД го забранија увозот на руска нафта, во обид да и зададат голем економски удар на Москва поради војната во Украина каде денеска треба да се отворат нови хуманитарни коридори за цивилите кои се обидуваат да избегаат од опколените градови.
Руските власти најавија дека рутите ќе се отворат во пет градови што нејзините сили ги гранатираа, но Киев постојано предупредува дека Москва навистина не сака да дозволи цивилите да бегаат и вчера ја обвини Москва за бомбардирање на еден коридор.
Таквите акции не се ништо друго освен геноцид, објави украинското Министерство за одбрана на Фејсбук.
Претседателот Џо Бајден вчера нагалси дека американското нафтено ембарго врз Русија ќе ја пресече „главната артерија“ на московската економија и вети дека Украина „никогаш нема да биде победа“ за рускиот лидер Владимир Путин.
Инвазијата ја предизвика најголемата бегалска криза на континентот од Втората светска војна, додека Западот одговори со санкции кон Русија кои одекнаа низ глобалната економија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се пожали дека му е потребна поголема воздушна поддршка за да се бори против офанзивата на Москва. Но, Вашингтон вчера ја отфрли понудата на сојузникот на НАТО, Полска да му даде авиони на Киев преку американска воздушна база поради стравувањата од поширок конфликт со Русија.
ОН соопштија дека повеќе од два милиона цивили се низ границите на Украина за да го избегнат руското гранатирање. Пријавени се успешни евакуации од некои од договорените хуманитарни коридори.
Најмалку 5.000 луѓе заминаа преку коридор од северниот град Суми, соопштија украинските власти, по неколкудневни тешки борби и воздушен напад во кој загинаа 21 лице.
Евакуација имаше и надвор од главниот град Киев. Но, обидите за евакуација од пристанишниот град Мариупол беа неуспешни во неколку наврати, при што Киев рече дека Москва одбила да им дозволи на децата, жените или постарите лица да заминат.
Оваа ситуација е навистина апокалиптична за луѓето, се влошува, рече Јуан Вотсон, портпарол на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).
Во говор пред британските пратеници, Зеленски се повика на отпорот на Винстон Черчил против нацистичка Германија, и вети дека „ќе се бори до крај“.
Ќе се бориме во шумите, на полињата, на бреговите, на улиците, изјави тој пред Парламентот, по што следуваа овации.
Западните влади се спротивставија на идејата за зона на забранети летови за одбрана на небото на Украина и покрај неговите барања.
Пентагон го отфрли полскиот план за испорака на борбени авиони Миг-29 на американската воздухопловна база во Германија, нагласувајќијќи дека тој не е „одржлив“.
Можноста за борбени авиони… да заминат од базата на САД/НАТО во Германија за да летаат во воздушниот простор што е оспоруван со Русија над Украина, предизвикува сериозна загриженост за целата алијанса на НАТО, наведе портпаролот Џон Кирби во изјавата.
Велика Британија соопшти дека ќе им се придружи на САД во постепеното укинување на руската нафта до крајот на годината, додека нафтените гиганти БП и Шел најавија итен прекин на руската набавка на нафта и гас.
Европската унија, исто така, соопшти дека ќе го намали увозот на гас за две третини. САД наведоа дека геополитички енергетски проект на Кремљ, гасоводот Северен поток 2, сега е мртов.
Тоа е парче метал на дното на морето, мислам дека никогаш нема да биде оживеано, изјави потсекретарот за политички прашања Викторија Нуланд пред американските пратеници.
Откако ја нападна Украина, Русија ја презеде контролата врз нефункционалната атомска централа во Чернобил, ја освои најголемата нуклеарна централа во Европа и ги стави своите нуклеарни сили во состојба на готовност.
Нуклеарната централа во Чернобил повеќе не испраќа податоци до ОН, објави агенцијата вчера, и изрази загриженост за персоналот кој работи под руска стража во украинскиот објект речиси две недели.
Путин користи нуклеарна „уцена“ за да ја спречи меѓународната заедница да се меша во конфликтот, изјави шефот на ICAN кои добија Нобелова награда.
Ова е навистина еден од најстрашните моменти кога станува збор за нуклеарното оружје. Тоа е неверојатно загрижувачко и поразително, рече Беатрис Фин, која ја предводи Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје.
OhridNews