Ураганот Сенди продолжи во неделата да се приближува кон американскиот источен брег, а синоптичарите се обидуваат прецизно да го предвидат место на кое оваа голема бура, потенцијално најсилна којашто ја погодила територијата на САД, прво ќе удри.

Според последните проекции, Санди најверојатно ќе стигне до американското копно ноќта од понеделникот кон вторник по локално време, во областа меѓу Делавер и областите на Њујорк и Њу Џерси.

Она што Сенди ја прави опасна не е брзината не нејзините ветрови, коишто во моментов се со брзина од 165 километри на час во центарот на бурата, туку нејзината неверојатна широчина. Имано, ветровите се шират на дури 1.125 километри од центарот на бурата.

Ураганот Сенди, кој во саботата кусо време беше преквалификуван во тропска бура, но повторно ја достигна силата на ураган, може да има разорно влијание врз населените места коишто ќе ѝ се најдат на патот. Во Њујорк во неделата градскиот совет дебатираше за затворање на системот на подземната железница пред надоаѓањето ан бурата, што може да го парализира овој мегалополис.

Гувернерите на сојузните држави по должината на американскиот источен брег прогласија вонредни состојби и апелираа до населението да подготви резерви од храна, вода и батерии. Гувернерот на државата Конектикат, Даниел Малој, изјави дека Сенди во неговата држава може да ја предизвика најголемата поплава во последните седум децении.

Сенди во неделата претпладне е ба 445 километри оддалеченост од брегот на Северна Каролина, и притоа патува со брзина од 22 километри на час.

Синоптичарите сметаат дека ова може да биде најголемата бура што ги зафатила САД во историјата. „Само нејзината големина којашто ќе зафати густо населена област на источниот брег, ќе биде историска”, изјави Џеф Мастерс за синоптичарскиот портал Њеатхер Ундергроунд.

На патот на во моментов ураганот Сенди може да се најдат Бостон, Њујорк, Балтимор, Вашингтон, Фиалделфија, една од најгусто населените области во САД, во која живеат повеќе десетици милиони луѓе.

Според експертите, Сенди претставува ретка хибридна 2супербура” која во себе има елементи и на тропска и на зимска бура и којашто веќе минувајќи низ Карибите предизвика смрт на 66 лица.

Сенди има влијание и врз политичкиот живот на САД, па така и на претседателската предизборна кампања. Двајцата претседателски кандидат, и демократот Барак Обама, актуелен претседател, и републиканецот Мит Ромни патуваат во клучните сојузни држави, но нивните изборни штабови постојано ги следат извештаите за движењето на Сенди. Ромни затоа ја откажа посетата на Вирџинија закажана за во неделата, за кога се предвидува дека оваа сојузна држава може да почне да го чувствува надоаѓањето на бурата. Наместо тоа, републиканскиот претседателски кандидат ќе ја посети државата Охајо. Обама, пак, посетата на Флорида од понеделник ја помести за ден порано, во недела.

Ohridnews
извор:„Макфакс“