Втор пораз во исто толку натпревари за Македонската ватерполо репрезентација на Мундијалот во Италија. Во второто коло Македонија загуби од силната селекција на олимпискиот вицепрвак САД со убедливи 13:6 (3-0, 5-2, 3-2, 2-2).


Утре е слободен ден за нас на Светското првенство а, во петок ќе го одиграме и третиот дуел од Д-групата против домаќинот на ова првенство селекцијата на Италија.

М.П.