Постоењето на воената база во “Area 51” која долги години беше во центарот на многу терории за заговор конечно беше признаено од владата на САД откако во голема акција беа декласифицирани огромен број на документи.
Иако нејзиното постоење никогаш не беше тајна, владата на САД одбиваше да оговори било какво прашање за истата со што гласините за тоа што се случува во и околу неа се ширеа со неверојатна брзина.
Во документите кои се објавени стои дека “Area 51” е воена база во која скоро 30 години се тестираат последните генерации воени авиони на армијата на САД и сите нови технолошки достигнувања кои ќе имаат примена во воената индустрија.
Иако во документот долг 400 страни само еднаш се споменува неидентификувано летало кое најверојатно било шпунски авион на некоја друга земја, теоретичарите на заговор се убедени дека вистината за “Area 51” сеуште се крие од јавноста.