САД so 101.652 и Италија со 86.498 случаи, ја претекнаа Кина по вкупниот број на заболени од коронавирусот Ковид 19 во светот. Вчера (27 март) во Италија е забележан рекорден број починати од коронавирусот од почетокот на пандемијата. Во еден ден во земјата починаа 969 лица, најмногу во Ломбардија – 541.

Исклучително лоша е состојбата и во Шпанија, каде во текот на вчерашниот ден починале 773 луѓе, а бројот на заразени се зголемил за 7933, со што вкупниот број на заболени од вирусот Ковид 19 се искачи 65.719. Во Франција починале 299 лица, а во САД 293.

 

Според податоците на „Worldometers“ до овој момент во светот има 593.316 случаи предизвикани од коронавирусот Ковид 19, се излекувале 132.520, а 27.210 лица починале.

Според податоЦите на Светската здравствена организација, опоравувањето на пациентите со средно компликувани симптоми трае околу две недели, додека кај тие со тешки симптоми околу шест недели.

За да се спречи ширењето на пандемијата насекаде во светот се преземаат незапамтени рестриктивни мерки, се затвараат граници, се прогласуваат карантини, се ограничува движењето и се забрануваат јавни собири. Се проценува дека здравствената криза предизвикана од вирусот Ковид 19, ќе предизвика голема економска криза. Државите ширум светот носат итни мерки за намалување на последиците врз економијата, додека секојдневно расте бројот на отпуштени работници.

Г.М.

И премиерот на Велика Британија позитивен на коронавирус