Репрезентацијата на САД е новиот светски првак. “Јенките“ во финалето беа подобри од домаќинот Турција со 81:64 и по четврти пат ја освоија титулата прва по 1994 година во Канада.

Како и низ целиот турни и во финалето најдобар играч на мечот беше Кевин Дурант со 28 поени, од кои седум тројки од 13 обида, а повторно го следеше Ламар Одом со 15 кошеви и 11 скокови. Кај Турците Хидает Туркоглу со 16 поени и седум сокови беше најдобриот играч.

Кевин Дурант е прогласен и за МВП – најкорисен играч на Мундобаскетот со просечен учинок од 22,8 кошеви и 6,8 скокови по натпревар.

Селекцијата на Литванија ја освои бронзата со победата од 99-88 против Србија, додека Аргентина ја победи Шпанија во пресметката за петото место на Мундобаскетот

Ohridnews