Откако од Брисел стигна најавата дека е можно Европската унија да воведе визи за Американците бидејќи не го почитуваат принципот за реципроцитет за некои од новите земји членки, стигна контра најава од САД за ЕУ.
Според државниот секретар за внатрешна безбедност, Џон Кели можно е наскоро да се сменат правилата што им овозможуваат на Европејците да патуваат во САД без виза. Тие, според него ќе бидат преиспитани поради загриженоста од потенцијален тероризам. “Ние мора да го преразгледаме многу внимателно безвизниот режим“, изјави Кели на Универзитетот Џорџ Вашингтон.
“Нема да го укинеме и нема да направиме нешто екстремно, но внимателно ќе ја преиспитаме таа програма“, изјави Кели , објаснувајќи дека ревизијата на безвизниот режим е неопходна бидејќи борците на ИСИС можат да се обидат да го искористат против САД. Илјадници носители на европски пасоши патувале во Ирак и Сирија во последниве години, а многу од нив се бореле за ИСИС.
OhridNews
извор Макфакс