Според претставникот на Стејт департментот, САД ги поддржуваат сите одлуки на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија. „Ние ја подржуваме работата на судот во Хаг и го почитуваме интегритетот на одлуките кои се носат. Тоа беше наш став во сите случаи на овие обвиненија.“ – вели висок претставник на оваа институција.
Со оваа пресуда, поранешниот командант и премиер на Косово, Рамуш Харадијан, е ослободен од обвиненијата за воено злосторство врз цивилите. Неодомна судот го ослободи и хрватскиот генерал Анте Готовина, кој се товареше за воени злосторства врз човештвото.