Републиканецот Доналд Трамп ќе стане 45-ти претседател на САД, откако извојува голема победа над демократскиот кандидат Хилари Клинтон, објави новинската агенција Асошиетед прес. Клучно за победата на кандидатот на Републиканците беше подршката од мал број на неопределените држави, иако според анкетите во последниве месеци тие ја фаворизираа Клинтон.
Според британски БиБиСи, боиштата во Флорида, Охајо и во Северна Каролина го отворија патот за негова победа. Покрај во наведените три држави Трамп успеал да победи и во Ајова која трандиционално гласа за демократите, а успеал да освои „големи“ 16 електори во Џорџија. Покрај победата на Трамп во претседателската трка извесна, Републиканците успеаја да освојат и мнозинство во Сенатот и во Конгресот.
Глобалните берзански пазари потонаа, а денешното тргување со на Дау се очекува да почне со намалување на вредноста на акциите од 800 поени.