Американците од Швајцарците и формално побарале испорака на Роман Полански. Режисерот моментално се наоѓа во швајцарски затвор. Побегнал од САД во 1978 година откако признал дека е крив за сексуален однос со малолетничка.


Американската амбасада во Берн поднела формално барање за негово испорачување во рок од 40 дена на темел на потпишаните билатерални односи за испорака на луѓе кои го прекршиле законот.