Кина и Соединетите Американски Држави со по 40 златни медали се најуспешните нации на Олимписките игри во Париз.

Најмногу медали во 16. натпреварувачки денови освоија американските спортисти, вкупно 126, а со одличја се закитија натпреварувачи од 91 држава.

Македонија не освои медал на Игрите во Париз на кои настапи со шест олимпијци во пливање, таеквондо, борење, атлетика, стрелаштво и џудо.

Топ 5 најуспешни нации на Игрите во Париз:

Злато сребро бронза вкупно

САД             40       44      42      126

Кина            40        27     24       91

Јапонија       20       12      13       45

Австралија   18        19      16       53

Франција     16        26      22      64.

OhridNews