САД и Кина го ратификуваа клучниот договор за климатски промени постигнат во Париз во минатата година, jавува „Телма“.

Претседателите на САД и на Кина, Барак Обама и Кси Џинпинг му врачија на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун документи со кои потврдуваат дека нивните држави ги презеле сите неопходни чекори за да се приклучат кон Парискиот договор.

Врачувањето на документите беше извршено на свечена церемонија одржана на мргините на состенокот на Г-20 кој се одржува во кинескиот град Хангжу. 

Обама во таа прилика рече дека САД се посветени да бидат глобален лидер во борбата против климатските промени. Додаде дека Парискито договор може да биде запаметен во историјата како „момент кога сме одлучиле да ја спасиме планетата“.

Кси тој договор го нарече клучен чекор што означува дека се појавил „глобален државен систем“ за борба против климатските промени.

OhridNews
извор: „Телма“