САД го поздравуваат договорот што Косово и Србија го постигнаа во Охрид со посредство на ЕУ за имплементација на Договорот за патот кон нормализација на односите, соопшти Стејт департментот.
Ги пофалуваме претседателот на Србија и премиерот на Косово за нивното лидерство во постигнувањето договор. Исполнувањето на обврските на Косово и Србија од Основниот договор, во рамките на трајната определба за помирување, ќе обезбеди значителни можности за граѓаните на двете земји и да го забрзаат нивниот пат кон членство во Европската унија“, се вели во соопштението на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Во соопштението се додава дека САД ќе продолжат да бидат активно ангажирани, во соработка со партнерите од ЕУ, „да ги поддржат Косово и Србија во нивната работа на имплементација со цел да се постигнат предвидливи и мирни односи“.
Ќе продолжиме да го поддржуваме подобрувањето на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан.
Во соопштението, се заблагодарува на Европската Унија за посредувањето во преговорите и на Владата на Северна Македонија што била домаќин и поддржала финализирање на договорот.
Блинкен на својот Твитер профил исто така изјави дека го поздравува договорот. Тој додаде дека САД остануваат „посветени на унапредување на европската и евроатлантската интеграција“.
OhridNews