Истата порака претходно на средба со македонскиот претседател Бранко Црвенковски ја пренесе и поочникот на американскиот генерален секретар, Даниел Фрид.
Треба да се направи се за да се најде решение што на Македонија ќе и ги отвори вратите на НАТО и на ЕУ. Вашингтон е заинтерсиран да се затвори прашањето за името и затоа ќе продолжи да го помага преговарачкиот процес што го води медијаторот Нимиц, посочил Фрид.
И додека САД вршат силен диопломатски притисок, македонскиот државен врв покажува нееединство. За тоа сведочи разногласието на премиерот и претседателот. Груевски го обвини Црвенковски дека не ја искористил можноста на заседанието на Генералното Собрание на ОН во Њујорк да издејствува решение за спорот за името. Тој исто така го обвини претседателот дека одбил да се сретне со грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, но и дека тајно остварил средби со посредникот Нимиц. Груевски му замери на Црвенковски дека наместо да се фокусира на решавање на проблемот со името, тој се сретнал со претседателите на Србија и Косово.
Црвенковски ги отфрли обвинувањата објаснувајќи дека ниту претходно ниту за време на одржувањето на Генералното Собрание не била предвидена средба со грчката министерка за надворешни работи.
Македонскиот претседател, вчера имаше обраќање во 63-то Генерално собрание на Обединетите нации на кое истакна дека двете стратешки цели на Македонија остануваат интеграција во Европската Унија и НАТО.
“Кон реализација на овие цели во изминативе години беа фокусирани нашите напори и ангажиран значаен дел од националните ресурси. За жал, на самитот на НАТО Алијансата, во април оваа година, во Романија, се случи меѓународен преседан со кои тесниот национален интерес на една земја беше претставен како поважен од етаблираните принципи на меѓународното право“, рече Црвенковски. И покрај тоа Македонија активно и конструктивно учествува во процесот на преговори со Грција што се одвива со посредство на специјалниот пратеник на Генералниот Секретар на ОН, Метју Нимиц, почитувајќи ги преземените правни обврски, додаде Црвенковски.