Голем број граѓани секојдневно се соочуваат со опасност да се повредат паѓајќи во отворена шахта во населбата Далјан која се наоѓа веднаш под телефонска говорница. Иако ова е време на мобилна телефонија старите добри телефонски говорници сеуште се користат. Замислете само што може да се случи навечер кога на слабото улично осветлување шахтата едвај се забележува.


опасна шахта во Далјан

Не е прв пат во градот да се забележи ваква слика. Капаците од шахтите се честа мета на крадците кои потоа ги продаваат во отпад за старо железо.

фото: Митко Орачевски