В сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека в недела се очекува времето да биде сончево, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
В сабота на поедини места од државата локално се најавуваат поинтензивни поројни врнежи од дожд, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата. Доколку на одредени места врнежите бидат поинтензивни и паднат за кратко време и ако бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер можна е појава на слевање на вода во градските урбани средини поради неможноста за одведување на водата. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците.
Минималната температура ќе биде 27 степени, а највисоката ќе достигне до 34 целсизусов степен. УВ индексот ќе биде 9.
OhridNews