Охридските кошаркари в сабота со почеток во 18 часот во спортската арена Билјанини Извори против Гостивар ќе го одиграат мечот на сезоната во Втората лига.
Избраниците на Петар Чочороски со триумф над гостиварчани во дерби средбата во голема мера ќе го заверат првото место на табелата кое ќе им обезбеди пласман во кошаркарска елита.
Стопроцетниот ефект во досегашните мечеви од Втората лига ги прави „галебите“ фаворити, но и Гостивар ќе има свои мотиви во Билјанини Извори.
Кошаркарите на АВ Охрид се максимално фокусирани и мотивирани и в сабота најавуваат борба за победа.
OhridNews