Француската нафтена компанија Тотал била приморана привремено да го затвори нафтоводот во Ангола бидејќи огромна сабјарка ја пробушила цевката за транкирање на нафтата.


На мајсторите им биле потребни три дена за да го санираат оштетениот цевковод. Еден од купувачите на анголската нафта изјавил дека вонредната состојба завршила, бидејќи јатата сабјарки поминале низ тој регион и нема да се враќаат до следната година.