Втората светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка нема да настапи на претстојниот турнир во Индијан Велс, бидејќи е позитивна на Ковид-19.
Сабаленка требаше да биде прва носителка на турнирот по откажувањето на Канаѓанката Ешли Барти.
За жал, позитивна сум и не можам да се натпреварувам, објави 23 – годишната Сабаленка на својот Инстаграм профил.
Откажувањето на Белорусинката е уште еден удар за организаторите на турнирот, кој започнува утре, откако од настап претходно се повлекоа најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, победничката од 2018 година Наоми Осака и 23-кратната грен-слем шампионка Серена Вилијамс.
OhridNews