На меѓународниот карате турнир “Grand prix Macedonia” кој се одржа вчера во спортскиот центар “Борис Трајковски” во Скопје со учество на околу 1000 натпреварувачи од Македонија и соседните земји Србија, Косово, Црна Гора, Албанија, Бугарија и Грција, каратистката од карате клуб “Кун-су-то” од Охрид, Анастасија Смилевска, постигна извонреден успех.
Анастасија во категорија кадетки до 61 килограм, го освои првото место. На патот до успехот таа совлада натпреварувачки од Македонија, Србија и Бугарија.
Г.М.