Карате клубот К.Б.С. “Кун-су-то” Охрид на меѓународниот турнир во карате “Никола Грданоски-Нике 2023” кој се одржа во Скопје во организација на карате клубот “Металург” од Скопје, освои 3 златни, 2 сребрени и 4 бронзени медаљи.
- Во борби тим – Јуниорки, Анастасија Смилевска, Тамара Ѓурчиноска и Сара Цикуш освоија злао и пехар;
- Тамара Ѓурчиноска во категорија борби јуниорки +59 освои злато, а во -59 освои бронза;
- Јована Петреска во кати за родени 2010 година освои злато.
- Ката тим кати родени 2010/2011, составен од Марија Велкова, Матеа Грозданоска и Јована Петреска освои сребро.
- Наум Велески во борби родени 2010, до 50 кгр освои сребро.
- Анастасија Смилевска во категорија кадетки +54 кгр освои бронза.
- Матеа Грозданоска во кати женски 2010 освои бронза.
- Сара Цикуш во борби јуниорки +59 кгр освои бронза.
На натпреварот учествуваа околу 450 натпреварувачи од земјата и соседните држави Грција, Косово, Бугарија и Црна Гора.
OhridNews