Карате клубот К.Б.С. “Кун-су-то” Охрид на меѓународниот турнир во карате “Никола Грданоски-Нике 2023” кој се одржа во Скопје во организација на карате клубот “Металург” од Скопје, освои 3 златни, 2 сребрени и 4 бронзени медаљи.

  • Во борби тим –  Јуниорки, Анастасија Смилевска, Тамара Ѓурчиноска и Сара Цикуш освоија злао и пехар;
  • Тамара Ѓурчиноска во категорија борби јуниорки +59 освои злато, а во -59 освои бронза;
  • Јована Петреска во кати за родени 2010 година освои злато.
  • Ката тим кати родени 2010/2011, составен од Марија Велкова, Матеа Грозданоска и Јована Петреска освои сребро.
  • Наум Велески во борби родени 2010, до 50 кгр освои сребро.
  • Анастасија Смилевска во категорија кадетки +54 кгр освои бронза.
  • Матеа Грозданоска во кати женски 2010 освои бронза.
  • Сара Цикуш во борби јуниорки +59 кгр освои бронза.

На натпреварот учествуваа околу 450 натпреварувачи од земјата и соседните држави Грција, Косово, Бугарија и Црна Гора.

OhridNews